Претседателот на СДСМ , Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од егејскиот дел на Македонија – Т `га за југ.
На средбата се разговараше за активностите и проектите на здружението Т`га за југ во изминатата година, планот и програмата на здружението за оваа година и други актуелни теми во државата.
Претседателот Зоран Заев истакна дека активностите на републичкото здружение Т `га за југ се мошне значајни за нас како држава, со оглед на тоа дека негуваме и веруваме во исти вредности и имаме заеднички планови кои се во интерес на сите граѓани.
Тој посочи дека преку активностите на здружението кои се насочени кон негување на нашето богато историско минато, нашиот фолклор, јазик и култура придонесуваме за збогатување на нашиот општествен живот. Притоа, изрази голема поддршка во идните активности и проекти на здружението и охрабрување да учествуваат во конкурсите од страна на државните институции со цел успешна понатамошна реализација на истите.
Претставниците на републичкото здружение Т `га за југ се заблагодарија на досегашната соработка со надеж таа да продолжи и понатаму, а во насока на зачувување на културното историско богатство на македонскиот народ.