Изгласан законот со кој се забранува увоз на отпад кој се користи за гориво

Собранието попладнево ги изгласа измените на Законот за управување со отпад, со кој се забранува увоз на отпад кој би се користел како гориво. Измените беа предложени од ДОМ.
-Како што ветивме пред граѓаните, пратниците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение кое важно во борбата за зачувување на здравата животна средна, се вели во реакцијата на СДСМ.

СДСМ е одговорна партија и се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните. Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав. За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во нашата држава, после долги години се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.
Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

По усвоениот закон се огласи и О2 Иницијатива која напиша:

-Забраната за увоз на отпад како гориво се изгласа попладнево во Собрание. Ова беше едно од барањата на Зелен фронт за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме за да вроди со плод попладнево. Седницата не беше закажана за денеска, но очигледно претседателот Талат Џафери ја стави на дневен ред попладнево и конечно Собранието ја изгласа законската измена. Од 102 присутни, 62 гласаа за. Продолжуваме понатаму“, објави 02 Иницијативата на „Фејсбук“.

Треба да знаете
Последни објави