Ковачевски: Време е за енергетска трансформација, јагленот да го замениме со сонце, ветер и вода

На вечерашната трибина организирана од СДСМ, посветена на енергетиката, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека најголемиот предизвик на компанијата е како да се зголеми производството на обновливи извори.
Ковачевски информираше дека АД ЕСМ е најголем производител на електрична енергија во државата и задоволува 70 проценти од вкупните потреби, термоелектраните учествуваат со околу 75 проценти, 22 хидроцентралите и само 3 одсто се од обновливи извори на енергија.

-Можам да се пофалам дека во изминатите две години сериозно се посвети внимание на изготвување проекти и на подготовка за нови инвестиции за производство на енергија од обновливи извори. Сакам да кажам дека со крајни напори успеавме да имаме почеток на првата фотонапонска електрана во државна сопственост, инвестиција на АД ЕСМ во вредност од 7 милиони евра, којашто ќе се изгради во големина од 10 мегавати во постојниот рудник на термоелектраната Осломеј.

И тука не застануваме, за Осломеј се планираат уште 10 мегавати и за две недели ќе почне и тендерската постапка. 20 мегавати во термоелектраната Осломеј ќе имаме фотоволтаична електрана, но исто таква сакаме и можеме да ја направиме и во Битола во рамките на комбинатот РЕК Битола . Тоа значи дека полека правиме енергетска транзиција и јас би рекол не транзиција, туку ќе го користам зборот трансформација. Ние мора да се трансформираме и производството од јаглен да го преструктуираме во производство од сонце, од ветер и од вода. Прво поради европските регулативи кои не обврзуваат, но пред се поради нас”, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека АД ЕСМ го начекале во очајна и катастрофална состојба.

“Начекавме голема катастрофа и со натчовечки напори успеавме да ги санираме штетите, да го зголемиме производството да ги намалиме трошоците, да инвестираме во екологијата. Се  зголеми профитот и производство”

Покрај очајна финансиска состојба, Ковачески кажа дека и еколошките процеси биле запоставени целосно.

“Во 2017 еколошките процеси во РЕК Битола  беа очајни, катастрофални. Она што го ветивме во 2016 година сериозно се посветивме да работиме онака како што треба, професионално по закон, по пропис. Самото одлагање на пепел сега се одвива како што треба по проект. Ако начекавме 37 илјади метри квадратни непокриени површини со пепел, денес  тие се движат во рамките од 3 до 5 илјади, во нормалните рамки на производствениот процес. Инсталиравме систем за прскање, направивме нова касета Бедем за одлагање на пепел  од над 1 милион евра. Ги угасивме сите жаришта во рудникот. Тука вработените знаат, не можеше да се дише во рудникот. Стотина жаришта имаше и толку чад што не беше возможно да се работи”

Линк до видео:  https://youtu.be/TR_eV29mQAY

Треба да знаете
Последни објави