Осум лица загинаа откако лавина го погоди Бахчесарај, област во провинцијата Ван во источна Турција, пренесува „Спутник“. Снежниот нанос го затрупа спасувачкиот тим кој трагаше по две лица кои беа затрупани под претходната лавина. Трагедијата се случи додека тимот за спасување од 300 војници работеше за да ги извлече луѓето заробени под снегот.
„Најмалку 20 спасувачи се верува дека се заглавени под снегот,“ вели Меки Арвас, градоначалник на Бахчесарај.
Во меѓувреме, турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 30 лица биле спасени. Спасувачката екипа реагирала на претходната лавина што затрупала возило за расчистување на снег и минибус на автопат кај градот Бахчешехир во вторникот. Како резултат на лавината, загинаа пет лица, а две беа заробени.