Латиноѕвездата Џенифер Лопез (50) одушеви со својот настап на годинешниот „Супер боул“. Сепак, целото внимание на шоуто беше свртено кон Ема Марибел Муниз (11), ќерка на Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони (51).
Девојчето го испеа хитот на мајка си Let’s get loud пред милиони гледачи, а Шакира (43) ја придружуваше на тапани.
Особено на неа се гордееше татко ѝ, кој на инстаграм-профилот сподели фотографија од девојчето со трогателен цитат.
„Ема, тато многу се гордее на тебе. Ти си моето срце и јас сум твоето засекогаш“, напишал Марк, а неговите повеќе од десет милиони следбеници на „Инстаграм“ додадоа дека Марк мора да се гордее на успехот на својата ќерка, која тргнала по стапките на мајка си.
Поранешните сопружници останаа во добри односи. Тие беа во брак десет години, а заедно ги имаат близнаците Макс и Ема.