Ирина Шајк (34) и Бредли Купер (45) позираа заедно на прославата, а фотографијата ја објави британски „Вог“ и веднаш почнаа да кружат шпекулации дека се смириле.
Поранешната двојка Ирина Шајк и Бредли Купер се во добри односи и покрај многуте озборувања, а по доделувањето на наградите БАФТА, тие биле заедно на една забава на која пристигнале одделно.
Во текот на забавата тие се снимени заедно и додека тој е насмеан на фотографијата, таа има кисел израз на лицето.