САД денеска го предупредија претседателот на Венецуела Николас Мадуро да не се меша во враќањето во земјата на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, или ќе има сериозни последици.
Предвидено е Гуаидо да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во текот на денот, по што тој треба да се врати во Венецуела.
– Секоја потенцијална штета нанесена на Хуан Гуаидо при неговото враќање во Венецуела ќе има многу сериозни последици”, изјави официјалнен претставник на американската администрација.
– Затоа, во таа смисла, би требало многу внимателно да се однесуваат, рече американскиот претставник.