Во попладневниот дел на собраниската седница, пратениците го изгласаа Законот за енергетска ефикасност.
За законот не гласаше опозициската ВМРО-ДПМНЕ затоа што како сметаат оти тоа е хибридно законско решение кое не ги транспонира европските заложби и цели.
Пратениците со 73 гласа „за” и еден „воздржан” ги усвоија заклучоците за информацијата за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Северна Македонија.
Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од 15 минути, во очекување, како што рече, на претставниците од Владата кои треба да бидат присутни на наредните точки во рамки на 130-та седница да дојдат во Собранието.