Поп-кралицата е предмет на тужба од страна на Антонио Велоти и Ендру Панос, кои тврдат дека чекале со часови за таа конечно да се појави на концерт во Академијата за музика во Бруклин на 21 септември и 1 октомври. Нејзиното доцнење ја намалило вредноста на билетите.
Антонио и Ендру посочуваат слични примери и на други концерти, во кои ги именуваат и Мадона и промоторот Live Nation.
Во правните документи е наведено дека „Во време на најавата на концертите, Мадона покажа голема потешкотија во обезбедување навремена или целосна изведба.
И промоторите, Live Nation, биле свесни дека секоја изјава во врска со почетокот на еден концерт претставува оптимистичка шпекулација.
Најавеното време на започнување било 20:30 часот, но концертот во септември наводно започнал три часа подоцна, а во октомври Мадона излегла на сцената во 22:40 часот.
Тужителите тврдат дека неколкучасовните доцнења ги оставиле без превоз наредниот ден имајќи предвид дека концертите завршувале во раните утрински часови. Тие ги пропуштиле закажаните возови или други превозни средства за да стигнат дома. Двајцата велат Мадона, иако признала дека е нејзина грешка, им ги уништила плановите за следниот ден