Напаѓачот Ерлинг Холанд покажува одлични партии по доаѓањето во Борусија Дортмунд. Норвешкиот репрезентативец синоќа беше стрелец во куп дуелот со Вердер Бремен кој неговиот тим го загуби со 2:3.
Холанд стана првиот играч во историјата кој постигнал осум погодоци на своите први четири натпревари за клуб од Бундеслигата.
Норвежанецот во Борусија дојде оваа зима кога направи трансфер од Салцбург.