Повеќе од 1800 патници и членови на екипаж на крузер кој пристигна во Хонгконг се задржани на бродот се додека се извршат тестирања на коронавирус, откако неколку патници пријавиле дека имаат температура.
Во поранешната британска колонија едно лице почина од коронавирус, а потврдени се уште 18 случаи, вклучително и најмалку четири случаи кои се пренесени локално.
Здравствените работници од Хонгконг штрајкуваат оваа недела за да ги принудат градските власти да ја затворат границата со Кина, за да спречат ширење на вирусот.