Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак во машка конкуренција Вардар, со вечерашниот гостински дуел (19 ч.) против Кил во Лигата на шампионите го започнува вториот дел од натпреаврувачката сезона. Во пресрет на овој натпревар еден од најдобрите ракометари на „црвено-црните“, Летонецот Даинис Криштопанс ги отвори „картите“ за состојбата во клубот.
Летонецот во својата изјава не крие дека Вардар не е излезен од финасиската криза која го тресе подолг период наназад.
-Финансиските проблеми кои ги имаше во клубот во минатото продолжија и во оваа сезона. Некои играчи си заминаа, а новиот тим не е толку успешен. Долгот се зголемува. Вардар им должи на речиси на сите ракометари, некому повеќе, некому помалку. Долгот е навистина огромен, проблемите се решаваат, ама многу бавно. Се во клубот се движи многу бавно – истакна летонскиот џин кој по крајот на оваа сезона заминува во таборот на францускиот прволигаш Пари Сен Жермен.