Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, за состојбата на нацијата беше засенет од инцидентот со претседателката на парламентот, Ненси Пелоси.
Најпрво тој одби да се ракува со шефицата на Конгресот, но и таа до крајот на неговиот говор не остана должна.
Откако Трамп го заврши своето обраќањето, Пелоси ја искина копијата од претседателскиот говор.
Белата куќа на „Фејсбук“ реагираше на нејзиниот потег.
„Пелоси ја скина приказната за Тускеге Аерман. За едно дете што доби можност да студира по сопствен избор. За преживувањето на едно дете родено во 21. недела. За тажните семејства на Роки Џонс и Кајла Мулер. За војник кој повторно се обедини со семејството. Такви постапки остава зад себе“, се вели во кратката објава на Белата куќа.