Компанијата „Волт Дизни” соопшти дека претрпела загуби од 175 милиони долари заради затворањето на своите забавни паркови „Дизниленд” во Шангај и Хонг Конг. Двете тематски атракции беа затворени кон крајот на јануари заради епидемијата од коронавирус во Кина, соопшти главниот финансиски директор на компанијата, Кристин Маккарти.
-Сегашното затворање на парковите се случува во тримесечието кога вообичаено имаме зголемена посетеност и вработувања заради празнувањето на Кинеската Нова година, рече Маккарти за CNBC.
Според неа, точните загуби на компанијата ќе зависат од тоа колку долго парковите ќе останат затворени и за колку брзо време можат да ја обноват својата нормална работа.