Гутереш : Светот го зафати ветер на лудило

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес предупреди дека „ветер го зафати светот“, посочувајќи на ескалацијата на конфликтите од Либија и Јемен, до Сирија и други жаришта.

„Сите ситуации се различни, но има чувство на зголемена нестабилност и засилени тензии, што чини сè да изгледа понепредвидливо и неконтролирано, со зголемен ризик да се направат погрешни проценки“, рече Гутереш на прес-конференција.

Тој изрази разочарување што правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност почнаа да се кршат „пред да се исуши мастилото“.

Гутереш ја издвои Либија и ги нарече сегашните офанзиви во земјата како „скандал“ затоа што тие беа покренати веднаш откако светските мировници и другите земји во Берлин на 19 јануари повикаа на почитување на ембаргото на ООН за увоз на оружје и за прекин на мешањето од странство.

Тој исто така изрази „огромна загриженост“ за ескалацијата на нападите во сириската провинција Идлиб, последната што ја контролираат бунтовниците и истакна дека ООН „особено се загрижени“ за фактот дека сириската и турската армија сега се бомбардираат едни со други.

„Мора да запре пред ескалацијата на конфликтот да создаде состојба којашто ќе биде целосно надвор од контрола“, рече Гутереш.Тој рече дека наредната година ќе стори сé за да стави крај на суровиот круг страдања и конфликти и да ја охрабри мировната дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави