Двајца тешко повредени во Скопје, едното е осумгодишно дете

На 04.02.2020 во 21.45 часот на крстосница од улиците „Ацо Шопов“ и „Фјодор Достоевски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(37) од Скопје и патничко возило „даеву тико“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(59) од с.Шишево, скопско. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „даеву тико“, Ф.С.(68) од с.Шишево, која била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“  и осумгодишно дете од с.Шишево, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот А.М. и сопатниците од истото возило М.М.(60), Н.М.(31) и деветгодишно дете. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави