Демократите во Ајова се уште не ги пребројале сите гласови, но на основа од 71 отсто гласачки места, во трката за претседателски кандидат, води Пит Бутиџиџ.
Триесет и осумгодишниот Бутиџиџ има незначително повеќе гласови од Берни Сандерс, Елизабет Ворен и поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Бутиџиџ досега има освоено 26,8 отсто, Сандерс 25,2 проценти, Елизабет Ворен 18,4 проценти, а Џо Бајден 15,4 отсто.
Засега не се знае кога ќе бидат објавени конечните резултати. Пребројувањето на гласовите доцни поради технички проблеми. Како што е соопштено од Демократската партија, не работи апликацијата во која требало да се внесуваат податоци, но и дека не била хакирана, пренесе „Гласот на Америка“.