Турција ќе започне со производство на свои борбени авиони во 2023 година, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.
– Почетокот на производство на сопствени воени авиони е планиран за 2023 година и ќе биде најдобриот одговор на оние кои не сакаат да го испорачаат Ф-35 на Турција, рече Ердоган за време на отворањето на комплексот за уништување муниција во Кирккале.
Испораката на руски ракетни системи Ц-400 во 2019 година предизвика сериозна криза во односите меѓу Турција и САД.
Според Ердоган, Ц-400 ќе биде целосно во функција во април годинава.
Вашингтон ја повика Анкара да го напушти договорот со руските системи и да ги купи американските „Патриот”, истовремено заканувајќи се дека ќе ја откаже продажбата на новите борбени авиони Ф-35 и да воведе санкции за Турција.