На 04.02.2020 година, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор.
Тие се предадени во Хидробиолошки завод Охрид а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава.