Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Заради спас на неколку криминалци од сопствените редови, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја држи во заложништво правната држава. ВМРО-ДПМНЕ предводена од послушникот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, се противи на секоја мерка, секоја политика што е во интерес на државата, правдата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против зголемување на минималната плата, против обесштетувањето на стечајците, против мерката за поврат на ДДВ, против укинување на радиодифузната такса, против поголема социјална помош, а денес се противат на отписот на камати на долгови.
ВМРО-ДПМНЕ денес е против правдата и против интеграцијата во ЕУ преку противењето на Законот за Јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ е против интеграцијата во НАТО, преку противењето на Законот за одбрана.
11 години ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се обидуваа дa ѝ ја украдат иднината на државата, денес тоа го продолжува да го прави Мицкоски по налог од Будимпешта, но тоа нема да му успее. Тој филм нема да го гледа. На 12 април граѓаните ќе ја поддржат опцијата кој носи повисоки плати, повисоки пензии, сигурност, стабилност и извесна иднина во ЕУ и НАТО. На 12 април граѓаните ќе ја поддржат опцијата предводена од СДСМ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!