Собранието попладнево ги изгласа измените на Законот за управување со отпад, со кој се забранува увоз на отпад кој би се користел како гориво. Измените беа предложени од ДОМ.
-Како што ветивме пред граѓаните, пратниците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение кое важно во борбата за зачувување на здравата животна средна, се вели во реакцијата на СДСМ.
СДСМ е одговорна партија и се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните. Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав. За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во нашата држава, после долги години се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.
Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.
По усвоениот закон се огласи и О2 Иницијатива која напиша:
-Забраната за увоз на отпад како гориво се изгласа попладнево во Собрание. Ова беше едно од барањата на Зелен фронт за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме за да вроди со плод попладнево. Седницата не беше закажана за денеска, но очигледно претседателот Талат Џафери ја стави на дневен ред попладнево и конечно Собранието ја изгласа законската измена. Од 102 присутни, 62 гласаа за. Продолжуваме понатаму“, објави 02 Иницијативата на „Фејсбук“.