Министерот за култура Хусни Исмаили и амбасадорот во Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар денеска го отворија дводневниот семинар посветен на поддршката на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан, што се одржува во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (European House).
„Почестени сме што овие два дена заеднички ќе имаме можност да ги споделиме нашите искуства во рамките на актуелните политики на Европската Унија и евроинтеграциските процеси во кои културната соработка сѐ повеќе се потврдува како суштински механизам во градењето на заедничкиот европски простор“, истакна министерот Исмаили во своето обраќање пред присутните. Тој посочи дека и покрај предизвиците со кои се соочува културниот сектор во Република Северна Македонија повеќе од деценија, вредни за пофалба се досегашните резултати од спроведувањето на програмата, особено оние во издавачкиот сектор, кој покажа исклучителна посветеност и успех не само на регионално туку и на европско ниво. Министерот Исмаили ги поздрави заложбите на Европската комисија за дополнителна поддршка кон земјите од Западен Балкан преку програмирање на нови, компатибилни механизми за соработка во насока на поддршка на евроинтегративните процеси.
„Верувам дека новата пилот-акција, и оние што ќе следуваат, ќе ги надминат празнините во културниот сектор кои произлегуваат од комплексниот контекст на овој регион и ќе им овозможат на нашите културни оператори рамноправно претставување и конкуренција во европски рамки“, додаде министерот за култура Исмаили.
На настанот, присутните ги поздрави и Самуел Жбогар, амбасадор во Делегацијата на Европската Унија, кој истакна дека учењето за сопствената и за другите култури ги зацврстува односите во рамките на нашата заедница.
„Но, тоа, исто така, носи нови перспективи и разбирање за другите. Така стануваме повеќе самосвесни додека стануваме покосмополитски. И ова значи да се биде Европеец. ЕУ отсекогаш го имала предвид ова. Ова беше случај и кога одлучи да издвои 5 милиони евра за овој повик за предлози за културни оператори во Западен Балкан. Овој повик има цел да ги поддржи помирувањето и добрососедските односи – една од водечките иницијативи во стратегијата на ЕУ за 2018 година за регионот“, истакна амбасадорот Жбогар.
На Семинарот, во чиј фокус е Јавниот повик – проекти за културна соработка на Западен Балкан од Програмата „Креативна Европа“ со акцент на комплексните регионални и европски културни политики, како и градење на капацитетите, беа присутни претставници на Канцелариите на Креативна Европа и на културните организации од поширокиот регион и од земјава. Модератор на отворањето на Семинарот беше Билјана Прентоска, раководител на Канцеларијата на Креативна Европа при Министерството за култура, а пред присутните се обрати и Хелене Скикос, менаџер на програмата за мобилност на уметниците и меѓународна соработка при Европската комисија, која се осврна на предизвиците и можностите за проширена културна соработка со Западен Балкан.
Дводневниот семинар посветен на поддршката на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан го организира Министерството за култура (Канцеларијата на Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка со Европската комисија (Генерален директорат ЕАК), Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Канцелариите на Креативна Европа и претставници на културниот сектор од релевантните држави од Западен Балкан.
Со почит,
Министерст