Кога станува збор за верската определба на црногорските граѓани, 62 отсто се изјануваат како верници на Српската православна црква, а 10,1 отсто одат во Црногорската православна црква.
Ова се резултати од истражувањето што го спровела црногорската агенција Intelligent comunications агенција на примерок од 1.022 грашани од 11 црногорски градови.
„Истражувањето е спроведено во интервал од 8 до 15 јануари и опфати 1.022 испитаници. Уверени сме дека два важни параметри ја определија одлуката на граѓаните на Црна Гора кои беа опфатени со истраживањето. Првиот е секако Законот за слобода на вероисповеста кој предизвика не само тензии во општеството, туку ја поларизираше и политичката сцена во Црна Гора, но и во регионот, а вториот е фактот дека официјално влеговме во изборна година“, вели Бошко Ковачевиќ, извршен директор на агенцијата.