Коронавирусот е можност за профит, заработуваат пари од Кинезите со игри за возрасни

Кинеска компанија сфати како да го спречи ширењето на инфекцијата и истовремено да ја промовира својата нова игра бесплатно.

Произведувачот на игри „Кагами воркс“ на Кинезите им дели 90.000 бесплатни примероци од играта „Мирор“ за да ги задржи луѓето дома и да го спречи ширење на вирусот.

да ја добијат оваа игра граѓаните треба само да го свртат телефонскиот број што беше претставен во промоцијата на оваа компанија наречена „Вухан, ние сме со тебе“, пишува РТ.

Играта нуди голем избор на девојки да се дружат со играчите додека се кријат од вирусот дома, а промоцијата на компанијата се покажала како добар деловен потег, што е потврдено и од фактот дека „Кагами“ морал да дозволи дополнителни 20.000 бесплатни преземања на играта по само еден ден.

Иако некои ја осудија компанијата што за промоција го користи вирусот кој зарази 17.200 луѓе и уби 361 луѓе во Кина, многумина се согласуваат дека овој потег барем поттикнува безбедно однесување – компанијата ги наведува играчите да останат безбедни во своите домови, а и ја потенцира важноста на миењето на рацете.

Во оваа игра акцентот е ставен на скудно облечени девојки кои треба да бидат поразени во разни сложувалки со цел да се соблечат. „Мирор“ чини 0,79 долари, па Кагами не губи многу пари подарувајќи го, а бесплатниот публицитет им враќа повеќе од вложеното, пренесува Klix.

Треба да знаете
Последни објави