На 04.02.2020 во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување – Скопје, од Британската амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.
При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.