Надал во Кувајт отвора филијала на својата академија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, денес во Кувајт ќе отвори филијала на академијата „Рафаел Надал” во базата на меѓународниот тениски центар на Шеикот Ал-Ахмед.

Академијата располага со 18 терени со капацитет од вкупно 5.000 гледачи од кои 1.500 за централниот терен.

Надал од вчера се наоѓа во Кувајт каде денес ќе одигра ревијален натпревар со сонародникот Давид Ферер.

За потсетување, в сабота, 19-кратниот шампион на Грен слем турнирите, во Кејп Таун (Јужна Африка) ќе одигра меч со Роџер Федерер. Средствата од овој дуел ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Треба да знаете
Последни објави