Начевски: Набрзо ќе се видат позитивните резултати од работењето на Дрисла

Директорот на Дрисла, Коста Начевски денеска при посетата на депонијата рече дека овие две недели откако е на оваа функција навлегол во суштината и проблематиката на депонијата, и дошол до одредени информации – за начинот на третирање на отпадот од секаков тип – комунален, медицински, технолошки.

– Сите добро знаеме дека целото внимание беше свртено против Дрисла, правиме дренажи, ги користам сите човечки ресурси во претпријатието што ги затекнав. За волја на вистината има доста квалитетни кадри внатре кои се волни да излезат во пресрет, да си ја вршат својата работа да ги откриеме сите сомнежи коишто претходно беа фрлени како сомнеж према Дрисла дека тука нешто се случува, рече Начевски.

ДиректоротНачевски верува дека набрзо ќе се видат позитивните резултати од работењето на ЈП Дрисла.

 

Треба да знаете
Последни објави