На 04.02.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Табановце“, при контрола во личниот багаж на К.М.(23) од Р.Албанија, биле пронајдени 17 куршуми за гасен пиштол. Тој бил приведен и заедно со пронајдените предмети бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.