Новата депонија во Гевгелија ќе проработи до крајот на јуни

Изградбата на патот до времената комунална депонија кај гевгелиско Ново Конско, создаде услови за интензивирање на активностите за функционирање на новата и ревитализирање на старата дива депонија, беше заклучено на денешнопт состанок на градоначалникот Сашо Поцков со претставници од УНДП, ИОМ и консултантската фирма ,,Холингер”.

Од меѓународната организација за мигранти која го обезбеди грантот за изградба на патот, беше информирано дека патот е изграден пред рокот како резултат на ажурноста на изведувачот кој успеал да го уреди и каналот покрај патот.

Претставниците на УНДП изразија задоволство што патот е завршен бидејќи сега се создадени услови за профункционирање на новата и ревитализирање на старата депонија. Посочија дека сите активности мора да бидат координирани и до крајот на јуни годинава депонијата да проработи, а од „Холингер” потврдија дека доделените 400.000 евра за ревитализирање на старата депонија од Грција, веќе се обезбедени.

Градоначалникот Поцков рече дека со овие зафати сликата за општина Гевгелија како еколошки заштитена средина се заокружува и претставува основа за очекуваниот одржлив економки развој.

Треба да знаете
Последни објави