Две вреќи со 52 парчиња пастрмка, 11 риболовни мрежи и друг риболовен прибор открила полицијата на брегот на Охридското Езеро во близина на Пештани.
„На 4 февруари при преземање мерки за откривање на сторители кои вршат незаконски риболов, полициски службеници од СВР Охрид во близина на село Пештани, до брегот на Охридското Езеро, пронашле и одзеле две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи и друг риболовен прибор“, соопшти полицијата.
Сторителите засега се непознати, а рибите се предадени во Хидробиолошки завод Охрид.