Еден Канаѓанец кој патувал во Јамајка од Торонто е уапсен откако во авион полн со патници лажел дека има коронавирус, поради што капетанот одлучил да се врати на аеродромот.
Според канадските медиуми, авионот на компанијата „Вест џет“ веќе бил на половина пат до Монтиго Беј, Јамајка, кога еден човек станал и рекол дека неодамна бил во Кина каде што бил заразен со новиот смртоносен вирус.
Канадскиот весник CBC News синоќа објави дека пилотите потоа донеле одлука да се вратат во Торонто.
Официјални лица откриле дека тврдењето на 29-годишниот Канаѓанец е неосновано и тој бил уапсен за несолената шега.
Компанијата „Вест џет“ им се извини на 243 патници во авионот.