Најмалку пет лица загинаа, а две се пријавени како исчезнати во лавина што се случи во источна Турција, каде што беа затрупани возило и минибус, соопштија официјалните лица.
Лавината се случи во вторникот вечерта во близина на планинскиот град Бaшaкшехир во провинцијата Ван, кој граничи со Иран, пренесува АП.
Гувернерот на покраината, Емин Билмез, рече дека шестмина од минибусот преживеале, како и возачот на возилото за расчистување снег, и дека спасувачите трагале по уште двајца, но потрагата била отежната поради лошите временски услови.