На 04.02.2020 во 13.30 часот од слобода бил лишен В.Џ.(31) од Р.Србија, поради извршени кривични дела „тешка кражба“ и „непријавен престој на територијата на Р.С.Македонија“. Тој бил приведен во СВР Куманово и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основен суд Куманово.