Вкупно 52 сенатори гласаа дека американскиот претседател Доналд Трамп не е виновен за злоупотреба на власта, додека 48 се согласија дека тој вршел притисок врз странски политичар за сопствена политичка корист.
Во Сенатот е во тек е гласањето по второто обвинение за опструкција на Законодавниот дом.
Одговорноста на претседателот на САД се утврдува во две последователни фази. Првата е отповикување или импичмент, а втората е негова смена од претседателската функци. Според Уставот, Претставничкиот дом на Конгресот на САД е надлежен за отповикување на претседателот, а Сенатот за негова смена. За време на судењето, сенаторите стануваат судии-поротници, кои ја носат конечната одлука. Отповикувањето на претседателот се врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Претставничкиот дом, а смената од функцијата со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број сенатори.
Првиот импичмент на претседател во САД е покренат против Џон Тилер во 1842 година, кој бил одбиен со мнозинство гласови во Претставничкиот дом. Од вкупно 45 претседатели само против четворица е прифатен импичмент, од кои тројца беа подложени на судење во Сенатот и тоа Ендру Џонсон, Бил Клинтон и Доналд Трамп.
Импичментот на Трамп почна на 24 септември 2019 година, по што Долниот дом утврди две основи за одговорноста на Доналд Трамп. Првата е злоупотребата на власта, со вршењето притисок врз странски претседател за своја политичка корист, а втората е опструкцијата на Конгресот на САД. На 18 декември, Претставничкиот дом го отповика Доналд Трамп од претседателската функција со мнозинство на гласови (230 наспроти 198). Трамп е обвинет и за опструкцијата на Конгресот поради тоа што одби да соработува во постапката за импичмент. Исто така, тој побарал членови на власта да не сведочат во Сенатот, ниту да ги даваат бараните документи, без разлика на судските налози.