Си: Контролата на епидемијата на коронавирус е во пресудна фаза

Напорите на Кина во контрола на епидемијата на коронавирус се во пресудна фаза и властите мора да го спречат ширењето, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Владата треба да изнесува точни информации за епидемијата на коронавирусот, а сите шпекулации во врска со болеста ќе бидат прекинати, истакна Си.

Тој, исто така, нагласи дека Владата ќе гарантира донираните средства да бидат целосно употребени за контрола на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави