Хамнеи: Договорот на векот ќе „умре” пред Трамп

Иранскиот духовен лидер, ајатолах Али Хамнеи верува дека предложениот мировен план од страна на Вашингтон, т.н. „Договор на векот”, ќе „умре” пред американскиот претседател Доналд Трамп.
– Американскиот „Договор на векот” ќе умре дури порано од Трамп, напиша ајатолахот Хамнеи на Твитер.
На 28 јануари, Трамп заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги претстави во Вашингтон клучните одредби од мировниот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, кој има за цел взаемно признавање на двете страни.
Треба да знаете
Последни објави