Пред министерството за одбрана ќе ги поставиме 30-те вистински прашања за Радмила Шекеринска, и со тоа нема противзаконски да снимаме партиски видеа во министерството за одбрана.
- Радмила, по колку рала чизми им ветивте, а не им обезбедивте на војниците?
- Зошто уште ги нема униформите, се инсистира ли на брендот Луј Витон ?
- Дали само професионалци заминуваат во мисијата во Авганистан?
- Зошто и покрај укажувањата од НАТО го расформиравте полкот за специјални операции?
- Дали свесно со Аташето во САД го прекршивте Законот за одбрана и Законот за надворешни работи?
- Колку од набавките префрливте од лани за годинава и дали е пресметана и БИОГРАФИЈАТА „ВЕЧНО ОПАСНО ВТОРА“?
- До кога ќе се мешате во раководењето и командувањето и политички ќе унапредувате старешини?
- За колку го издавате просторот во Домот на АРМ и дали ги употребивте вештините за рентање дом од 5 илјади евра?
- Посетите на домот на Боки 13 беа посветени за кројот на униформите или за исхраната за војниците?
- Зошто се одлучивте за селективно пензионирање?
- Лично каква торба би избрале за транспорт на рекет Луј Витон или Версаче торба?
- Колку реално чинат Лобутин штикли на подарок и што треба да се стори за да се добијат?
- Зошто запре трансформацијата на АРМ?
- Колку автомобили ви продаде партискиот спонзор од Куманово, вкупно, не по одделни министерства?
- Ја задолживте ли гардата да го чува Орденот од Принцот на Црна Гора за Заев?
- До толку ли сте скарани со Кочо, па за инает му средувавте документи, да го збори народ?
- Зошто го прекинавте курсот за подофицери?
- По НАТО стандарди ли ја проширувате семејната викендичка од 300 квадратни метри?
- Наутро поздравувате Знаме на Аризона или на Македонија?
- Дали шефот на военото разузнавање има друга обврска освен следење на опозицијата?
- Кој е вашиот најголем неуспех во работата како министерка за одбрана?
- Во која касарна најмногу ги подобривте условите за работа?
- Дали ја остваривте вашата цел за праќање воени дипломати по партиска линија?
- Колкава е вашата одговорност за одбрана на Заев од „хибридните напади“ од пранкерите??
- Би се хранеле ли самата со тоа што на мени го имаат македонските војници во војничките ресторани?
- Подготвени ли сте за амбасадорка во Вашингтон?
- На кој стих од химната ви запира гласот, па не ја пеете по настани?
- Колку е важно ќерка да е родена во Скопје па за тоа и закон да се менува?
- Толку ли е демоде одење на ручек со службено возило па мора да се користи и армиски хеликоптер?
- Која марка и колку инчи е телевизорот во дневната на Боки 13?
Почитувани,
Шекеринска никогаш не одговорила, нема ниту сега да одговори на вистинските прашања. Но на 12-ти април и таа ќе понесе одговорност за сите бајадера бизниси.