Во вторник, 11 јануари, со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет, ќе се одржи популарната опера буфо (opera buffo) – „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.
Диригент е Ѓурѓица Дашиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), ас. режисер Љупка Јакимовска, сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Кристијан Колија (Италија), Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Саша Смилевски.
Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет, како и онлајн.