Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ денес објави дека мора привремено да затвори значителен број на свои продавници во Кина поради коронавирусот поради кој е намалена продажбата.
Адидас има 500 продавници во Кина и има своја мрежа од околу 11.500 франшизи.
„Епидемијата на коронавирусот веќе има негативни ефекти врз ‘Адидас’ во Кина“, соопштија од компанијата.
И американскиот ривал „Најк“ соопшти дека ќе затвори продавници во Кина.