На 04.02.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Свети Климент Охридски“, во моментот на отпочнување со движење на автобус на ЈСП од автобуска постојка, управуван од Д.К.(55) од Скопје, на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала патничката М.Ј.(77) од Скопје. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.