Авионот на домашен лет од Измир излета од пистата за време на слетувањето, објавија локалните медиуми. Авионот не успеал да се задржи на пистата, се лизнал на патот и се расцепил.
https://twitter.com/OlaCak_OlaCak34/status/1225081220326940675
На снимки што се појавија на социјалните мрежи од местото на настанот се гледа дека авионот се крши на два дела, а од трупот букнува пламен. Во моментов патниците се евакуираат, а нема информации за повредени.
https://www.instagram.com/p/B8MMvJspoaH/
Сите летови кон „Сабиха Гокчен“ се пренасочени кон Истанбулскиот аеродром.