Руското Министерство за одбрана објави снимка на ракетниот систем ТОС-1А за време на воените вежби во регионот Ленинград.
Оружјето, со прекар „Пламен на сонцето“ (Солнцепек), содржи 24 термобарични ракети, способни да уништат сè што е во опсег од 40.000 квадратни метри. Снимките од ова оружје се ретки, а на објавениот клип се гледа како системот се поместува кон положбата, се вооружува, а потоа испукува смртоносен товар на целта.
Кога е целосно вооружен, еден систем TOS-1A е во состојба да го уништи непријателот, опремата и речиси секое утврдување на површина до 40.000 квадратни метри, што е приближно со големината на шест фудбалски игралишта.
„Солнцепек“ може да погоди цели и до шест километри.