(Видео) Џеј Зи објасни зошто Бијонсе и тој не станале додека се изведувала националната химна

Вниманието на светската јавност го привлече снимката од „Супербоул“ каде што се гледаат Џеј Зи и Бијонсе како седат за време на интонацијата на американската химна. Веднаш почна да се зборува дека двајцата, наводно, испратиле порака за поддршка на поранешниот НФЛ-играч, Колин Каперник.

Овој спортист пред четири години клекнал за време на интонацијата на американската химна на „Супербоул“ , протестирајќи на тој начин против расизмот.

Џеј Зи објасни дека тоа што тој и Бијонсе седеле не значи дека протестирале.

„Не, тоа навистина не беше протест. Жал ми е. Навистина го гледавме шоуто“, рече раперот на предавање на Универзитетот Колумбија на 4 февруари, 2 дена по „Супербоулот“.

Џеј Зи додаде дека немало потреба од тивок протест, бидејќи уметниците на сцената го изразиле најголемиот, најгласниот протест досега, алудирајќи на настапот на Џенифер Лопез и Шакира на „Супербоул“, на кој имаше редица скриени политички пораки.

Треба да знаете
Последни објави