Пратеникот Артан Груби, Претседател на собраниската комисија за европски прашања и претседател на парламентарното пријателство со Соединетите Американски Држави, истовремено и Организационен секретар на Демократската Унија за Интеграција, престојува во официјална посета на Вашингтон.
Во Американскиот Стејт Департмент, Груби оствари работна средба со директорот за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот, Дејвид Констеланчиќ, заменик директорот Мајкл Константино и г-ѓа Јил Дитрих.
Груби се заблагодари на американската влада за безрезервната поддршка за евроатлантските интеграции на Северна Македонија и реформите во земјата.
Улогата на САД во регионот на Западен Балкан е незаменлива и високо ценета од сите нас во Демократската Унија за Интеграција.
Груби истакна дека за ДУИ нема враќање назад за Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.
Г-динот Костеланчиќ ја потврди поддршката и пријателството на Соединетите Американски Држави со Северна Македонија и ја истакна потребата да се продолжи со реформите, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Претходно, Груби престојуваше во Американскиот Сенат, каде присуствуваше на форумот организиран од Сенаторот Џејмс Инхоф за предизвиците на Југоисточна Европа и улогата на сајбер безбедноста и 5G, и се сретна со Конгресменот Адерхолт.
Груби е поканет од Американскиот Конгрес повторно да присуствува на Традиционалниот појадок, со учество на Американскиот претседате, г-динот Доналд Трамп и лидерите на многу други земји.