-Два од нашите 12 набљудувачки пунктови се наоѓаат зад линијата на режимските сили. Се надеваме дека режимот ќе се повлече од нашите набљудувачки позиции пред крајот на февруари. Доколку не се повлечат, Турција ќе има обврска тоа да го „реши”, рече Ердоган во говор во Анкара.
Тој кажа дека токму оваа порака синоќа, во телефонски разговор, му ја пренел на рускиот колега Владимир Путин, чија земја воено ги поддржува сириските власти.
Од кабинетот на турскиот претседател синоќа соопштија дека Ердоган му кажал на Путин дека Анкара ќе го искористи „правото на легитимна одлука и тоа на најсилен начин во случај на нов напад”.
Изјавите следат само два дена по големиот судир меѓу турската војска и силите на претседателот Асад во североисточната сириска провинција Идлиб, во кој беа убиени шест турски војници и најмалку 13 припадници на сириските сили.
-Нападот врз турските сили претставува удар за заедничките турско-руски напори за решавање на ситуацијата во Сирија, рече Ердоган.