Пежо од Франција излета од коловоз кај Свети Николе

На 04.02.2020 во 10.30 часот на магистралниот пат Штип – Миладиновци, кај клучка Свети Николе, патничко возило „пежо 405“, со француски национални ознаки, управувано од М.П.(60) од Берово, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави