Повеќе од 20.000 куќи останаа без електрична енергија во централниот дел на Словачка поради силни ветрови и снежна бура кои ја зафатија земјата, изјави портпарол на словачката енергетска компанија.
– Ситуацијата се влоши во текот на ноќта и моментно повеќе од 20.000 домови немаат струја, истакна портпаролот.
Како што се наведува, најтешка е ситуацијата во областа Горен Хрон, иако се забележани прекини на електричната енергија и во Орава и Липтов, а проблеми прават и паднатите дрвја врз далноводи.
Според властите, поправката на дефектот ја отежнуваат силните ветрови и дождот.