Четири деца исчезнаа во снежна виулица на Алјаска, пронајдени се живи по 27 часа

Четворица деца исчезнаа во снежна виулица на Алјаска, но пронајдени се живи по 27 часа. Според тамошните медиуми, децата се пронајдени на повеќе од 28 километри одалеченост од нивниот дом.

Планот бил четирите деца да тргнат на куса прошетка и возење со електрични санки од селото Нунам Иква.Кристофер Џонсон (14), Френк Џонсон (8), Итан Камил (7) и Треј Камил (2) заминале на прошетка по снегот, но не се вратиле дома.

По 27 часа потрага по нив, во која биле вклучени спасувачи на Алјаска, Националната гарда на Армијата, Крајбрежната стража на САД и бројни други лица, децата се пронајдени живи.

Со помош на хеликоптер тие биле пренесени во болница каде се третирани поради тешка хипотермија, соопштија властите. Едно дете е задржано на лекување, додека две деца се пуштени дома. Четвртото дете е пренесено во Медицинскиот центар на Алјаска во Енкориџ.

Треба да знаете
Последни објави