На крузерот „Diamond Princes“, ставен во карантин поради коронавирусот, се наоѓаат 14 српски државјани, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Танјуг“.
„Јапонското Министерство за надворешни работи нè извести дека на бродот ‘Diamond Princes‘, кој е ставен во карантин поради коронавирусот, има 14 српски државјани – 12 членови на екипажот и двајца патници, како и еден црногорски државјанин“, рече министерот.
Дачиќ истакна дека српската амбасада во Токио контактирала со српските граѓани на тој брод и дека се добри.
Тој додаде дека сите патници ќе треба да останат во карантин 14 дена.
Со коранавирус се заразени десет лица од крузерот кој со 3.700 патници се вратил од Хонгконг и се укотвил во јапонското пристаниште Јокохома.