Јанакиевски од „Еко клуб“ се крсти во Орбан и во Груевски

Сашо Јанакиевски наместо икона во канцеларија има фотографија од Виктор Орбан. Во него се крстел кога станувал директор на Унгарските трговски куќи во Скопје. Криминален проект на унгарскиот премиер со проневерени народни пари. Тоа што проектот на Орбан со трговските куќи, инаку отворени низ целиот Балкан, почна уште одамна да смрди на криминал. Исто како криминалот на Јанакиевски со отпадот, пишува Бриф.

Покрај фотографијата на Орбан, при јавните настапи не е забележано дали Јанакиевски има фотографија и од Груевски, но едно е сигурно – дека и во него се крстел кога екс- премиерот започнал да му помага во изградбата на бизнис империјата со отпадот…

…Уште полесно му било на Јанакиевски за директор во Дрисла да го има Горан Ангелов, проверен вмровец, и да му крева рампа на секој камион без разлика што во комунален товарел медицински отпад. Кој тоа порано смеел да го провери? Никој. Освен Груевски ако сакал. Јанакиевски за неколку години под покровителство на ВМРО ДПМНЕ се запоседнал во многу институции, болници, општини. Но, ова со медицинскиот отпад, ако се реши како што треба да се реши, тогаш ќе мора малку да поседи и во затвор.

Целиот текст може да го прочитате тука

Треба да знаете
Последни објави